Новата песна на Северина, насловена “Kao”, е една од најубавите балади во нејзината кариера, барем според зборовите на нејзините соработници.
Од денес, и фановите имаат можност да ја слушнат оваа песна, како и да го погледнат видео записот за истата.
Песната “Kao” е прва од нејзиниот нов, 13-ти албум, а судејќи според баладата фановите ги очекува навистина одлично издание од една од најпопуларните пејачки на Балканот.
Видео записот е изготвен во едноставен стил, каде се доловува нежната страна на Северина, а режијата ја потпиша Дарко Дриновац.