Др. Мapjaн Жежocки: “Гpaѓаните ќе бидат безбедни за глacaњето на избopите co почитyвање на мepките за лична зaштита” (Видео)

Доктор Жежоски за мерките за заштита од кopoнавиpycoт и изборите на 15-ти јули

Разговаравме со Доктор Марјан Жежоски, специјалист инфектолог во Инфективното одделение на градската општа болница “Борка Талески” во Прилеп, за тоа како да се однесуваат граѓаните во овие услови на олабавени мерки во ек на пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт и дали граѓаните ќе бидат безбедни доколку излезат на гласање на предвремените парламентарни избори на 15-ти јули.

Според Жежоски граѓаните треба да носат заштитна опрема и да држат растојание при обавување на сите секојдневни обврски, при одење во банка, на пазар и слично.

Во поглед на изборите, Др. Жежоски вели дека граѓаните ќе бидат безбедни и можат да излезат на гласање, секако со преземени мерки на лична заштита, носење на заштитна маска.

Во поглед на моменталната бројка на зapaзени и xocпитализирани лица во Прилеп Др. Жежоски вели:

“Во нашиот град најголем број на заболени имавме во април, додека пак оттогаш бројот на заболени постепено опаѓа, со мал скок од пред две недели кога попуштија мерките донесени од Владата. Затоа уште еднаш ве замолувам, постојано и секаде да ги користите мерките за лична заштита. Во моментов на одделението за инфективни болести има хоспитализирано 12 пациенти, а останатите десетици пациенти е во услови на домашна самоизолација и карантин”, вели Жежоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.