На 13.12.2015 во Прилеп, спортска сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо клубот СЕИШИН – Прилеп, се одржа Државно екипно првенство во џудо за Сениори во машка и женска конкуренција.
На ова Државно првенство настапија екипи од 3 клубови (Миоки Скопје, Пролетер Прилеп и Сеишин Прилеп).
Џудо Клубот Сеишин Прилеп го освои 3 -то место екипно во машка конкуренција (второто место му припадна на Миоки Скопје, а прво на Пролетер Прилеп). Додека пак во женска конкуренција Џудо Клубот СЕШИН го освои 2-то место ( први беа Миоки Скопје).
Џудо клубот СЕИШИН Прилеп со оглед дека настапи со млад состав, претежно кадети во старосната категорија сениори, сме задоволен со освоените резултати.
Со ова натпреварување заврши организираниот систем на натпревари на ниво на Македонија организирани од Џудо Федерацијата на Македонија, при што согласно вкупно освоените бодови од сите државни првенства во текот на целата година, Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп се пласира на 3-то место во севкупниот пласман на Макдеонија.
Во претстојниот период претстои полагањето за појаси и предновогодишниот клубски турнир