Mинистерот за здравство Венко Филипче најави дека се е подготвено за отворање на градинките и дека на владина седница ќе треба да се одлучи кога точно ќе почнат со работа, според него градинките се подготвени и може да почнат со работа и во септември.
-Уште пред неколку месеци ги разработивме новите протоколи за градинките во таа смисла со намалување на бројот на децата во групите и едукацијата на воспитувачите сметам дека е безбедно отворањето на градинките, датумот за нивно отворање ќе биде одлучен на владина седница, лично сметам дека тие може да почнат со работа и во септември, изјави Филипче.