Денеска поднесена кpивична за втop диpeктор од СДСМ Прилеп: Го лажеле да вработува без согласност од Министерство? (Видео)

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денес ќе поднесе кривична пријава во Основното јавно обвинителство Прилеп, против Орце Тодоровски, директор на Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Наша иднина“-Прилеп, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

“Имено, Орце Тодоровски, како одговорно лице кое раководи со институција со помалку од 300 вработени во ЈОУДГ „Наша иднина“- Прилеп, без обезбедена согласност од Министерство за финансии, ангажирал повеќе од 3 лица за вршење на интелектуална работа и склучил договори за дело како и анекси за нивно продолжување на 40-тина лица, со што постои основано сомнение дека истиот постапил спротивно на Законот за трансформација во редовен работен однос во кој закон се предвидени и казнени одредби. Наместо кадрите на СДС, да ги почитуваат преземените мерки и активности од владата во борба со коронавирусот, преку уредби со законска сила, одлуки и заклучоци кои важат за време на вонредната состојба, истите тие кадри побрзаа предизборно да ги задоволат апетитите на партиските војници, во период на епидемија, кога беше ставен клуч на градинките и беше прекинат воспитно-образовниот процес. Очигледно за директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ нема никакво влијание заклучокот од Владата со кој се забрануваат нови вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот”, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека очекуваме Основното јавно обвинителство во најбрз можен рок, да постапи согласно законските овластувања, како би ја утврдило фактичката состојба и би ги потврдило наводите од оваа поднесена пријава.

“Никој не е и не смее да биде над законот! Одговорност и правда ќе има! Ве уверуваме дека секој што се огрешил пред законот, ќе одговара. После големиот пораз на СДС на претстојните парламентарни избори, доаѓа обновата на Македонија!”, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.