Mинистерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа тестирани се 342 лица, а констатирани се 30 нови случаи со Ковид-19 во Македонија.
Со ова бројката на потврдени случаи се искачи на 384 лица.
Во Прилеп во изминатото деноноќие регистрирани се нови 9 случаи, со што бројката се искачи на 21 лице.
Од новите 30 случаи покрај 9 од Прилеп, 12 се од Скопје, 8 во Куманово и 1 од Крива Паланка.