Грчки медиуми за Македонија: Федерализација и голема Албанија во позадина на анти-владините протести

grcki-mediumi

Федерализација на Македонија како дел од агендата за Голема Албанија е во позадина на анти-владините протести во земјата. Оваа теза периодов се повеќе се пласира во грчката јавност, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Во специјален извештај подготвен од 12 члената група за стратегиски студии во соработка со грчкото министерство за одбрана, се разгледува прашањето колку е сериозна состојбата во Македонија.

gr-mediumi-3-1

На 22-ри април, ЕУ најави одложување на планираните разговори во Виена меѓу четирите водечки партии на ПЈРМ за решавање на кризата, предупредувајќи на ефектот што пропаѓањето на договорот од Пржино ќе го има врз европската перспектива на ПЈРМ…Истиот ден, 22 април во Скопје се одржа голем албански протест. Присутните протестанти беа и против Груевски и против Али Ахмети, лидерот на ДУИ и партнер на Груевски во неколку последователни влади. Како дополнување, протестантите нагласија дека бараат држава  со две (компоненти) националности и со два официјални јазици, се вели во извештајот на грчките експерти.

И влијателниот “Весник на уредниците” во текст просветен на неодамнешните протести, информираше дека  анти-владиниот протест во Скопје се претвори во фиеста на албанскиот национализам.

gr-mediumi-3

Теоретски, тие имаа анти-владин карактер насочен против Груевски и Ахмети,  за да се одбележи првата годишнина од масакрот во Куманово, но се претворија во демонстрација на албански национализам, со знамиња и слогани во корист на Голема Албанија и клучно барање за формирање специјален суд за прашањата за албанското малцинство во земјата, се вели во текстот.

Во анализа на порталот Trikala Voice пак, авторот вели дека европските институции користејќи ја својата моќ, даваат зелено светло за прецртување на границите на Балканот, во насока на создавање на Голема Албанија, што е само показател за слепата послушност кон САД.

trikala-gr

По бруталните интервенции на американската амбасада, тие ги одложија парламентарните избори за јуни. Информациите велат дека целта е евроатлантизација и федерализација на соседната земја. Ова очигледно ќе доведе до сепаратистички изјави, со оглед на волјата на тврдиот националистички дел на етнички Албанци во регионот ( Беса ) и регионот повторно ќе биде воведен во нови фатални авантури, со крајна цел менување на границите. Тие исто така се откажаа и од поранешниот премиер Никола Груевски. Од друга страна пак, го поддржа оживувањето на сукцесиските барања на екстремните националистички албански кругови”, се вели во анализата на Trikala Voice.

Според авторот, јасно е дека т.н. евроатлантизација на Балканскиот полуостров е всушност само алиби, додека главната цел треба да се бара во обидите за спречување на руското и кинеско влијание во регионот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.