Грција ќе го плаќа сместувањето на туристите кои ќе бидат позитивни на кopoнавиpycoт за време на одморот во таа земја, изјави портпаролот на грчката влада Стелиос Петсас, пренесува Б92.
-Ќе бидат сместени во хотел, а трошоците ќе ги сноси државата Грција, изјави Петсас.
Додаде дека Грција ќе го плаќа сместувањето за тие кои ќе дојдат во земјата и ќе мораат да останат во кapaнтин.
-Илјадници луѓе поминаа низ процесот на кapaнтин, рече тој и потсети дека тестовите за Koвид-19 се прават на меѓународниот аеродром во Атина, а посетителите остануваат една ноќ во хотел додека не пристигнат резултатите. Појасни дека во зависност од резултатите од тестирањето, туристите може да останат во седумдневен кapaнтин или под строг надзор 14 дена, доколку се позитивни.
Сепак, не појасни дали освен сместувањето државата ќе ја плати и храната и лековите за туристите позитивни на Koвид-19.