Малата Мелани Тарчуловска, инаку ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, очигледно го има наследено талентот за пеење од својата мајка.
Мелани во Анталија, Турција, на караоке музички настан, пред околу 2-3.000 публика ја запеа “Македонско девојче” и кажа дека доаѓа од Македонија, а потоа доби силен аплауз.
На настанот млади изведувачи пееле песни од светски познати пејачи, но нашета Мелани се одлучила да ја испее најпознатата македонска песна.
Мелани од оваа година е ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски – ЛУЈ“, а нејзината желба е да стане естраден пејач.