Во новата објава на црквата Свети Димитрија во Виронас, Грција, се тврди дека иконата на Пресвета Богородица Утешителка мироточи веќе четири месеци.
Уште од средината на септември 2020 година кога започна мироточењето на иконата, епархијата на Каисарија, Виронас и Имитос, овој настан го прогласи за чудо.
За време на литургијата за празникот Раѓањето на Пресвета Богородица, додека се читало Светото Евангелие, свештениците забележале солзи на иконата на Богородица Утешителка.
Во својата објава, старешината на храмот Свети Димитрија, Христодулос Котсифис, напоменува дека изминатата година остави голема трага во историјата на човештвото. Но, во се што се случи, се појави надеж, неочекувана утеха, но и чувство на олеснување од стpaвоt и тepopoт кој го донесе пандемиjaта.