Гимназијалките апсолутни победници на натпреварот по француски јазик

frankofoni-pred-natprevar-2016

Од регионалниот натпревар по правопис (спелување) “Concours d’ortographie/d’épellation 2016”, којшто оваа година се одржa на 12-ти ноември во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, на кој учествуваа ученици од Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Могила, гимназијалките се вратија со апсолутна победа.

Марија Андоноска го освои првото,
Марија Митреска го освои второто и
Ангела Зероска го освои третото место

Ментор на победничките им е професорката Мирјана Бошковска.

Со оваа победа, сите три ученички си обезбедија пласман на државниот натпревар кој ќе се одржи на 3 декември 2016 година во просториите на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.