(Галерија) Низ овој тунел се преминувало од едниот во другиот дел на Берлин: Подземниот тунел под Берлинскиот ѕид отворен за јавноста

Тунелот под Берлинскиот ѕид, кој служел за бегство во западна Германија денес е за прв пат отворен за јавноста.

Тунелот под Бернауер улицата го отвори градоначалникот на Берлин, Михаел Милер, во момент кога се одбележуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид.

Тој им се заблагодари на оние кои го ископале 100 метри долгиот тунел во 1970 година, девет години откако источна Германија ја затворила својата граница.

Борбата за слобода се одвивала и под земја, вели градоначалникот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.