ГАЛЕРИЈА – Мал рај на Могила: Закуски, пијалоци, роденденски забави, по најниски цени во градот

DSCN0955Markukule

Oд неодамна на барање на граѓаните на Прилеп, во “Паркот на револуцијата” или “Могилата на непобедените”, отворено е ресторанче – ланч бар, кое нуди вкусни закуски, сладолед, и освежителни пијалоци. Ресторанот го раководи Терминалот на ЈКП Комуналец – Прилеп и функционира доста успешно во првите речиси два месеци од кога е отворен.

DSCN0978Markukule

За стотиците секојдневни посетители во паркот, ова е уште една супер новина,  која се вклопува во колоритот на можности за одмор и рекреација, кој го нуди паркот.

DSCN0957Markukule

DSCN0956Markukule

Центите се достапни за сечиј џеб, што значи за малку пари убаво ќе се нагостите и освежите.

Доколку отидете навечер ќе наидете на полни маси и многу луѓе, а ќе ве опие мирисот на вкусните пици кои ги приготвуваат мајсторски раце.

Цените се следни:

DSCN0982

Она што особено го краси местото е одморот кој ќе добиете, свежината на воздухот, убавите пејсажи на околу од прекрасно уредените тревници, цвеќето, фонтаните … едноставно поразлично и попријатно место за излез од секојдневито.

Во склоп на ланч барот има и детски парк, во кој покрај многуте играчки, нишалките, лизгалките ….., најатрактивен и секогаш преполн е замокот на воздух, во кој секојдневно “лудуваат” до замор многу деца.

Тука можете да ги организирате роденденските забави за вашите најмили, на чист воздух, со толку многу можности за забава, со убаво декорирани масички и столчиња во различни бои и по најниски цени во градот. За само 900 денари децата добиваат луда забава во траење од еден час и триесет минути.

[Best_Wordpress_Gallery id=”314″ gal_title=”MogilaRodendeni”]

Маркукуле беше во посета на една роденденска забава и она што го видовме не остави без здив. Рој “палавковци”, насмеани, разџагорени, исполнети од она што го имаат на располагање, во трк да стасаат и да се посветат на секоја играчка, до последниот атом енергија, а на крајот носталгични и желни за уште само пет минути, да останат и додатно да си поиграат.

Раководителот на Терминалот во ЈКП Комуналец,  Мартин Ачкоски,  е задоволен од начинот на кој функционира ресторанчето и прави напори за секогаш да постои беспрекорна организација и задоволни лица.

Покрај погоре наведеното Терминалот нуди и кетеринг служба за различни свечености, при што минималната цена за порција е 85 денари. За повеќе информации обратете се на телефонскиот број: 076/869-904

Ние ќе речиме секоја чест за домаќинското работење, за досетливоста и за ширењето на олку позитивна енергија наоколу.

 

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.