окалниот предизборен карван на СДСМ, предводен од кандидатот за пратеник Миле Талевски, градоначалникот Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, синоќа ja посети најстарата населба во Прилеп, Варош.
Но, она што може да се забележи од објавените фотографии на социјалните мрежи, слично како и во останатите средини каде СДСМ одржува мини собири, и во Варош на нивниот повик е одзвале само дваесетина граѓани.
Многу шпекулации кружат низ градот за причините поради кои се случува ова, а најмногу се спомнуваат партиските вработувања и незадоволството на голем број од членството поради тоа што останале извисени.