Градоначалникот Марјан Ристески, конфекциската фирма „Комфи ангел“ и претставник од Прилепска Пиварница вчера го најавија стартот на традиционалниот турнир по повод патронот на градот – празникот „Св. Никола“. Во тек е пријавувањето на екипите за шестиот по ред хуманитарен турнир во мал фудбал, што и годинава традиционално ќе се оддржи во чест на големиот празник Свети Никола, патронот на градот Прилеп. Традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола – 2015“ ќе се оддржи од 11 до 27 декември во спортската сала „Арена Сонце“ во Прилеп.
Настанот, како и секоја година, ќе биде збогатен со награден фонд за прво, второ, трето и за четврто место.
Организатори на турнирот се Општина Прилеп, конфекциската фирма „Комфи ангел“, Прилепска Пиварница и НВО „Младинската мултикултурна заедница“ од Прилеп.
За учество на турнирот вкупно се пријавени 32 екипи.