Во изминатиот период е едно од најпосетуваните места во околината на Прилеп: За утрешниот празник ќе има 6 домаќини (Фото)

Црквата во изградба “Св. Петка” во прилепско Волкосело е едно од најпосетуваните места последните месеци во околината на Прилеп.

Сместен на 5 километри од градот, до неа се стигнува брзо и лесно, по целосно асфалтиран пат.

Црквата во изградба “Св. Петка” не ја посетуваат само млади, туку и повозрасни кои уживаат во чистиот воздух и убава глетка на Пелагониското поле.

За престојниот празник Успение на Пресвета Богородица, во манастирскиот комплекс ќе биде весело, ќе има 6 домаќини, а ќе се служи света литургија и ручек за сите гости.

Портите на црквата “св. Петка” ќе бидат отворени за сите верници и добронамерници кои ќе дојдат да запалат свеќа, да се помолат за здравје и да уживаат во празничниот ден.

Црковниот одбор ги поканува сите верници да присуствуваат на одбележувањето на овој голем христијански празник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.