Советот на општина Битола денеска ја одржува 16-те седница. Пред почетокот на седницата имаше протест на пазарџии од пазарот во Нова Битола, пред зградата на општина Битола.
Во еден момент пазарџиите влегоја во салата каде се одржуваше седницата и со клетви им се нафрлија на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Поинаку и ДОМ за време на седницата на Советот во Битола, откако гласаа воздржано по предложената точка од Левица пазарџиите да се вратат да продаваат на паркингтот зад новиот пазар.
Општина Битола, по денешната реакција на пазарџиите со закупени тезги во Новиот реонски пазар, кои побараа промена на одлуката со цел да се вратат на претходната локација на паркинг просторот и таму да ги продаваат производите, ги известува пазарџиите и граѓаните дека во Новиот пазар веќе се преземени сите мерки за подобрување на условите и надминување на пречките за закуп на тезги.
Во соопштението на општината се вели дека на 26 април Управниот одбор на ЈП Пазари донесе одлука со која што се укинува претходната одлука донесена од 2014 година и се носи одлука идентична со претходната, само се укинува продажбата на производи на паркингот од камион.
На 29 април на седница на Совет истата одлука беше едногласно усвоена од страна на сите советници, со одредени забелешки, кои ЈП Пазари требаше да ги отстрани.
Едно од барањата беше реорганизација на тезгите, која е комплетно завршена, според форма која е најфункционална и за пазарџиите и за купувачите. Нефункционалноста и нехигиената во тоалетите е отстранетa како забелешка, а се направи и соодветно обезбедување на влезови и излези на пазарот за слободен дотур на храна, со што сите забелешки се отстранети, а дополнително се набавени колички за дотур на стока.
Ваквиот потег на ЈП Пазари, следуваше по големиот број на реакции од страна на граѓаните кои што живеат во околината на пазарот, реакциите од страна на дуќанџиите кои што имаат дуќани во пазарот и од страна на закупците во пазарот, пред сѐ на нехигиената која што беше составен дел од продажбата на паркинг просторот, без никакви хигиенско-технички услови за продажба на храна.
ЈП Пазари континуирано работи на подобрување на условите за продавачите, така што се обезбеден, стои во соопштението на Општина Битола.