(Видео) Сте слушнале ли за куќите од едно евро во Италија? Слушнете што викаат оние кои ги купиле

Морган Гијо од францускиот град Нант, купила куќа за едно ево во Музомели, градче во Сицилија.

Куќата која таа со сопругот ја купиле требало да им стане “втор дом”, односно викенд куќа во која би поминувале неколку месеци во годината. Договорот ги обврзува купувачите да ја реновираат куќата што ќе ја добијат, а Морган (27) и нејзиниот сопруг (31) не губеле време. Сега се при крај на реновирањето, ги поправиле ѕидовите, како и подовите.

“Само купатилото ни остана за реновирање, а бидејќи и двајцата сме уметници и занаетчии, најголем дел од реновирањето го направивме сами. Убаво е да се види како нашата двособна историска куќа повторно оживеа, а најголем адут ни е панорамскиот балкон од 15 квадрати”, вели таа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.