ВИДЕО: Семејството го погреба а тој по 2 месеци се појави “мртов пијан”

mrtov-pijan

Мексиканецот Мигуел Ангел Гомар Луна (74), минатата година избегал од старски дом. Неговата зависност од пиењето била посилна од него, така што избегал среде зима. По неколку месеци семејството добило повик од полиција.

Им објасниле дека пронашле речиси распаднато тело кое одговарало на описот на старецот кој побегнал. Фотографиите од телото и биле покажани на неговата ќерка Луцери Гомар Рамос.

Ќерката на Мигуел не сакала да ризикува па набрзо организирала погреб. Два месеци покасно, семејството добило уште еден  повик.

-Вашиот  татко и  дедо е жив. Полицијата го пронашла на улица додека просел пари за алкохол.

Мигуел уште истиот ден го однеле дома да закрепне од повеќе месечното пијанство.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.