Во срцето на Калифорнија, околу 250 километри од Сан Диего, се наоѓа населба во која луѓето одлучиле да живеат спротивно од современата цивилицација.
Слаб Сити е името на хипи- заедницата која се наоѓа на место на напуштена воена база, на половина пат меѓу калифорниските градови Нилада и Калипатрија.
Станува збор за бесплатен камп во пустината кој се нарекува и “последниот слободен град во светот”, а во кој луѓето живеат од 50-тите години на минатиот век.
Властите не го надгледуваат Слаб, па не е чудо што во него не се решени прашањето за водата, струјата, канализацијата и другите одлики за современтата цивилизација.
Луѓето спијат во автомобили, приколки и шатори, напуштени автобуси и останати возила.