“Македонската јавност вчера сведочеше за непотизам од огромни размери какви што не се паметат во нашава држава. После изнесените информации низ медиумите за наводно вработување на синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, низ интернет порталите протече информација за наводно вработување и на нејзиното куче”, велат од Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, во денешната пародија, која е поттикната од непотизмот при вработувањето во државните институции.
Изјавата во продолжение ја пренесуваме во целост:
“За задоволство на целата јавност, денес тука до нас успеавме да го донесеме Џеки Стојчевски, кучето за кое вчера на големо се пишуваше низ интернет просторот. Како што може да забележите, станува збор за ултра паметно куче, добро ухрането од дебели патни трошоци, спремно да го даде својот придонес во општеството.
Прашуваме дали кучето Џеки како единствен подобен кандидат пријавен на огласот преку Агенција за вработување, кое ги има примено сите вакцини, куче кое има покажано одлична физичка спремност, дисциплина и кое успешно ги реши сите тестови со највиско бодување е примено во гранична полиција? Или пак за истото е најдена работа во некоја друга државна институција?
Очигледно покрај децата на функционерите од редовите на СДС кои ги преплавија институциите, и нивните миленици заслужуваат чесно да си го заработат свото парче леб! Тезгаџиите, пензионерите, занаетчиите и сите останати, ќе мора да го почекаат малку доаѓањето на животот кој го ветуваа во изборната кампања”, изјави Никола Златески претседател на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.