(Видео) Македонец растура со стенд ап во Лондон: Погледнете го неговиот урнебесен настан кој ќе ве насмее до солзи

Владислав Илиќ е млад Кумановец кој пред извесно време (2017г.) се пресели во Лондон да работи во полето на стенд-ап комедија.

Владислав Илиќ е млад Кумановец кој пред извесно време (2017г.) се пресели во Лондон да работи во полето на стенд-ап комедија. Македонската јавност преку продукцијата за стенд-ап комедија Златен Заб во мај месец годинава имаше можност да го проследи во живо неговото гостување на Тв екраните директно од Лондон, Англија на една од нашите национални Телевизии (Алфа).

Со стенд-ап комедијата се запознава на Малта каде што и го започнал интересот кон овој тип на комедија, а пред тоа работел како актер – аматер во драмските кругови во Куманово. Патувањето за да стане професионален комичар во Лондон започнува во Јануари 2018-та година, а веќе во декември 2019та, Владислав е забележан од поголеми клубски промотери, ТВ продуценти и талент агенции. Досега има освоено повеќе важни награди во комичарскиот круг на клубови во Лондон како што се: победник на месечното шоу во светски познатиот клуб “Комеди Стор“ каде што публиката може да го избрка од сцена артистот доколку не им се допаѓа неговиот хумор и е добитник на наградата “Комичар на годината“ во Пикадили Комеди Клуб, награда за која се избори помеѓу седумстотини учесници.

Повеќе за Владислав и неговите настапи во Англија можете да видите на ДНЕВНИ НОВОСТИ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.