Нилските коњи кои во последниве години неконтролирано се размножија во Колумбија претставуваат голем проблем. Животинското царство кое некогаш му припаѓало на Пабло Ескобар веќе не може никој да го запре.
Во 1980 година Ескобар донел четири нилски коњи од Африка за својата приватна зоолошка градина која се наоѓала во хациендата “Наполес”, сместена меѓу Меделин и колумбиската претстолнина Богота. Тој поседувал и ноеви, жирафи, антилопи и слонови.
No one in Colombia knows what to do with a population of feral #hippos descended from beasts imported by Pablo Escobar. |@cornare
— DW Global Ideas & Environment (@dw_environment) May 18, 2020
Три женки и еден мажјак живееле на големото езеро. Ескобар им дозволувал на луѓето да доаѓаат и да ги гледаат животните. По неговата ликвидациja во 1993 година хациендата пропаднала, животните пронашле нов дом, но никој не сакал да ги згрижи нилските коњи.
Четири децении покасно, тие се огромен проблем во Меделин.