Комапнијата „Тармак“ од Велика Британија разви високопорозен цемент кој може да се употребува во изградбата на улици и патишта, а според официјалните спефицикации е во можност да апсорбира 4.000 литри вода во првите 60 секунди, и 600 литри по минута на метар квадратен.
Цементот има горен пропустлив слој направен од релативно крупен песок низ кои водата истекува речиси инстантно. Под овој прв слој има одводен слој кој ја спроведува водата до одводните системи.
Проблемот со овој систем е во тоа што истиот не може да се поставува на места кои редовно имаат температури пониски од нулата, бидејќи тогаш целата вода која се наоѓа во слоевите би замрзнала и би го уништила системот.