Пронаоѓање на римски capкофази од олово е вистинска реткост, додека пак откривањето на неогpaбени capкофази- може да се нарече и чудо. Во Виминацијум неодамна беа откриени два сандаци. Меѓутоа, погребувањето во capкофази од олово, со златни предмети не било римски обичај. Кој се тогаш луѓето чии остатоци беа пронајдени? Од каде пристигнале? Кој ги оплакувал? Во потрага по одговори, capкофазите беа отворени и археолозите се обидоа да ги откријат тајните на овие луѓе.
– Седиме во дворот Домус, комплекс изграден на просторот на кој ловел Хадријан, додека археологот Миомир Корач на телефон ни ја покажуваше снимката на која се гледа возбудливиот момент на отварање на неограбениот capкофаг од третиот или почетокот на четвртиот век. Се прашувам може ли да се опише моментот кога ќе се најдете “очи во очи” со скелет стар 1800 години:
“Баш неодамна ме прашаа дали е вистина дека се однесувате како деца на игралиште? Да, вистина, така е. Тој адреналин, тој, тој момент, не може да се опише со зборови, треба да се доживее”, раскажува Илија Данковиќ за National Geographic, археолог од Археолошкиот институт во Белград.