Мартин Писториус заболел од непозната болес кога имал 12 години, а неговата агонија траела следните 12 години. Што би направиле доколку сте заклучени во вашето тело, со недопрен мозок кој работи, но без никаква способност за комуникација?
Во 1988 година Мартин Писториус од Јужна Африка бил типично момче кое обожавало да си игра со различни уреди, како транзистори, телевизори…
Неговото идилично детство одеднаш го прекинала мистериозна болест кога имал 12 години. Еден ден се вратил дома од школо со болка во грлото. Неговата мајка не посветила многу внимание на тоа, мислејќи дека се ќе помине со малку мед и чај. Но, неговата состојба забрзано се влошувала, до тој степен што тој не можел ниту да сти, ниту да говори, а по кратко време паднал во кома, пишува Ен-Би-СИ.
Мартин не бил свесен за ништо кога бил во длабока кома. Неговото семејство посебно се организирало околу него- од капење, хранење…
Меѓутоа по 4 години, кога имал 16 години, Мартин се пробудил, односно бил свесен за се што се случува околу него. Сепак, и понатаму не можел да се движи , ниту да комуницира со семејството или на било кој начин да им каже дека тој е “тука”. Од тој момент поминал уште 8 години заробеништво во сопственото тело.
Бидејќи морале да работат, семејството на Мартин го оставале во Институтот за немоќни лица во текот на денот.
“Не сакав да бидам во тој Центар, беа ужасни кон мене. Мојот татко откако се “вратив” и открив што ми правеа, сите ги пријави. Нема што не ми направија, ме влечеа за коса, ме удираа со метална лажица по заби за да јадам. Често ми даваа врел чај и ми удираа шлаканици”, вели Мартин.
Освен тоа, се пожалил и на сексуално злоставување во кое една медицинска сестра во домот му ја соблекувала облеката и симулирала секс со него.
Од се што доживеал во “заробеништвото”, за него најболен момент бил кога неговата мајка во еден момент, бришејќи го со крпа и набљудувајќи го неговото безживотно тело, на глас изговорила:”Се надевам дека ќе умреш”.
Мартин тоа го слушнал и го запаметил. Откако ја добил можноста да комуницира, рекол:”Мамо, слушнав кога ми рече”се надевам дека ќе умреш”. Иако тоа го растажило, денес целосно ја разбира.
The Ghost Boy: The uplifting story ofhow Martin Pistorius survived a mystery paralysis http://t.co/yxexyPr4dt @Femail pic.twitter.com/ZUfvSxPTGq
— Marcel Rivera Paniza (@UtopiasArchitct) January 10, 2015
Мартин има напишано и автобиогравска книга за “заробеништвото” во своето тело, наречена “Дете дух”.
Денес тој среќно живее со неговата сопруга, а наскоро очекуваат и дете.