(ВИДЕО) БАЛКАНСКА МАФИЈА СО МАСКИ ОД СИЛИКОН: Никој не може да го потврди нивниот идентитет

Прецизни упатства како се прават силиконски маски кои ги користат убијците во Црна Гора, може да се најдат и на интернет. Но не постојат упатства како полицијата да открие кој се наоѓа позади маската.

“Ова е сигурно нов тренд во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Многу е тешко да се идентификуваат извршителите”, вели Неждад Корајлич, декан на факултетот за криминалистика во Сараево.

Можеби тоа е и причината што сеуште не е утврден идентитетот на човекот кој неодамна го уби сопственикот на една црногорска дискотека. А ако неговиот идентитет полицијата не може да го утврди поради маската, експертите даваат совет што уште може да се направи со цел да се фатат сторителите.

“Може да се работи на друга идентификација, како движење на телото, грешка за време на движење, но идентификацијата на лицето со маската е оневозможена. Секако доколку се сними гласот, може да се изврши идентификација”, додава Корајлич.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.