(ВИДЕО) АЛАРМАНТО! Кој го загадува прилепското вештачко езеро? Се заканува ли еколошка катастрофа?

Вистинска еколошка катастрофа му се случува на прилепското вештачко езеро, велат активистите за заштита на животната средина и природните богатства.

Имено според видеото кое вчера се појави на социјалните мрежи, Присадската река, или една од четирите притоки кои го полнат прилепското езеро, е целосно обоена во бела боја, што според екологистите е поради огромно количество на мермерна прашина во коритото на реката.

Дали оваа појава ќе предизвика уништување на рибниот фонд на езерото и може да претставува опасност за земјоделските посеви и култури, а со тоа и опасност по здравјето на луѓето, со оглед дека водата на прилепското езеро се користи за наводнување, останува да утврдат во најбрз можен рок инспекторите за животна средина.

Целосната репортажа на загрижените екологисти погледнете ја во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.