Вечерва со почеток од 20.00 часот во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт „Романтична вечер на Мелани Пеоска и пријателите“.
2. Познати евергрини во изведба на Александар Здравков (глас) Филип Пеоски (пијано)
Податоци за Мелани Пеоска
Мелани Пеоска е родена 1985 година во Загреб, Хрватска. Своето образование го формира во Загреб. Средно музичко училиште, насока пијано-завршува во класата на проф. Власта Пољак. 2009г. дипломира на Музичката академија во Загреб во класата на проф.Павица Гвоздиќ – академски музичар, пијанист, проф. по пијано и магистер по пијано.
Мелани е добитник на високи признанија и награди на натпревари во Хрватска и тоа: Прво место на натпреварот “Мали Амадеус”, Второ место на државниот натпревар по пијано и камерна музика, добитник е и на посебна награда “Фонд Јанка Шањек”, за најдобар ученик во средно училиште.
Активно настапува и одржува концерти во Македонија, Германија и Хрватска како солист и камерен соработник.
Нејзини позначајни концерти во Хрватска-Загреб се одржани во” ХГЗ-Хрватски
глазбени завод”, “Повијесни музеј”, “Еуропски дом” и др.
Настапи има и во останатите градови во Хрватска – Самобор, Велика Горица, Крапина, Дарувар, Липик, Опатија, Шибеник, Ријека и др.
Одржува и пијано рецитали во Германија и тоа во салата “Курхаус” во БадХомбург – Франкфурт, Салата “Менделсонхаус” во Лајпциг, Салата “Марштал” во Аренсбург-Хамбург.
Во Австрија има настапувано на Музичката академија “Моцартеум” во Салзбург. Од 2013год. живее и активно настапува во Р.С.Германија. Заедно со својот сопруг Филип Пеоски, основачи се на приватното музичко училиште ,,Пеоски,, во округот Оснабрук-Германија.
Од 2018 година настапува низ територијата на Германија првпат како солист, а воедно и автор на клавирските дела наречени ,,Клавирски Импровизации,,