ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Ова е најчудната шума во светот во која дрвата растат наопаку (ВИДЕО)

Свиено во планинскиот масив Тиан Шан во Казахстан, лежи езерото Каинди. Настаноло после земјотрес во 1911 година и со сигурност е едно од најнеобичните езера на планетата Земја. Тој земјотрес од пред повеќе од 100 години предизвикал големо лизгање на земјиштето и со тоа направил големо вдлабнување во земјата. Со тек на време, дождовите ја исполниле оваа дупка со вода и создале природно езеро.

Каинди е познато по големиот број стебла од оморика кои се издигаат директно од водата, а станува збор за остатоци од дрвени стебла кои биле потопени за време на формирањето на езерото.

Стеблата кои се наоѓале на местото каде што денес е лоцирано езерото успеале да опстанат и покрај нивната потопеност во водата.

Делуваат мистично и моќно, а тиркизната езерска вода заедно со нив како декорација создава уште поспектакуларна глетка.

А подводните сцени се уште поимпресивни, бидејќи дрвата не се распаднати, па создаваат прекрасна подводна шума.

Изненадувачки е фактот што ова езеро го посетуваат многу мал број туристи.

Но, причината за тоа веројатно лежи во фактот дека недалеку од Каинди се наоѓаат познатите Големо Алматинско Езеро (Большое Алматинское Озеро) и Колосај, кои имаат попристапен приод од градот.

И покрај близината на градската средина и повеќемилионската популација, во околината на езерата има мирна атмосфера, совршена за одмор и уживање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.