Тринаесеттата по ред “Питијада” во Велес е со сигурност настан за паметење за оваа година. Илјадници посетители од целата држава, прекрасна програма, неодолива храна и вино и секако гостопримството на велешани, ја направија овогодишната “Питијада” незаборавна.
После првата вечер исполнета со македонска музика, кога главна ѕвезда беше македонското девојче Каролина Гочева, забавата кулминираше во саботата, кога пред присутните 70.000 посетители, настапи мега популарната ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.
Синоќа пак на затворањето уште еден спектакл приредија неповторливите ДНК, како загревање пред настапот на Ван Гог.