Нема запирање, ќе одиме до крај, нема да престанеме, порачаа и вечерва илјадниците прилепчани, кои одново го изразија својот револт против губењето на унитарноста на државата, преку прифаќањето на така наречената “албанска платформа” од страна на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев.
Веќе никој не се сомнева во идејата и целта на овие протести. Градот херој во 18 часот е на нозе, маршира и пее за својата татковина, за заедничка Македонија.
Градот каде соживотот и толеранцијата секогаш биле на високо ниво, нема да дозволи некој да го загрози тоа.
Со гордо кренати глави, но со гнев во душата, прилепчани уште еднаш им порачаа на трговците со македонската чест и достоинство “Нема да ви помине”, “Нема да не поделите”, “Стоп за СОРОС”, “Ние сме штитот на државата”….
Пред илјадниците граѓани вечерва се обрати и актерката Снежана Конеска – Руси.