Во бугарските медиуми се појави нова теорија за историјата на античка Бугарија. Валентин Валтов,автор на книгата „Непозната историја на Бугарите“ тврди дека Бугарите го основале светиот град Ерусалим кога тргнале на поход да го освојат Египет.
Авторот тврди дека историјата на Евреите е фалсификувана и е на грбот на најстарата бугарска историја!
Првиот фараон од осумнаесеттата династија по историјата од Манетон и хиксосите склучиле договор, хиксосите (Бугарите-Авари) да ја напуштат престолнина Аварис заедно со целиот народ од 240.000 луѓе и целиот имот. Тие се преселиле на север во Балистан односно Палестина и го формираат “светиот град Ерусалим-пишува авторот.