Бојата и обликот на вашиот јазик предупредува на сериозни здравствени проблеми: Ова сигурно не сте го знаеле!

Големи се шансите да не водите грижа за изгледот на вашиот јазик, но после ова, можеби би требало.

Само еден детален поглед може да ви открие изненадувачки податоци за вашето здравје.

Од текстурата, обликот и бојата на јазикот можете да откриете бројни здравствени тајни.

Бојата

Нормалениот и здрав јазик воглавно е розенкав или светло црвена боја, не е премногу дебел, ниту премногу тенок.

Ако постои проблем со циркулацијата во внатрешноста на организмот, тоа најчесто може да се случи за време на менструација, а бојата на јазикот во таков случај се претвора во виолетова боја.

Јазикот со бела боја може да биде предупредување за недостиг на витамини или минерали во организмот и најчесто е таков кај луѓе кои имаат проблем со анемија.

Црвениот јазик претставува топлина и може да биде знак дека температурата на телото е зголемена, а оваа боја на јазик е карактеристична и за жените во менопауза.

Обликот

Надуен јазик може да укажува на недостаток на нутриенти, додека тенок јазик предупредува на дехидратација.

Горен слој

Ако јазикот има тенок бел горен слој, тоа е потполно нормално и се смета за здраво. Меѓутоа, ако овој слој не е присутен, тоа може да биде сигнал за дехидратација.

Жолт и сув јазик предупредува исто така на зголемена температура. Колку бојата е потемна, толку температурата е повисока. Ова предупредува на инфекција или зголемување на бактериите во организмот.

Јазикот кој е сив или црн означува “стагнација”. Toa се однесува на протокот на енергија низ телото, крвта и течностите.

Површината

Длабоки пукнатини во центарот на јазикот откриваат дека личноста има дигестивни проблеми.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.