Човек од Сараево реши иронично да ѝ го прослави третиот роденден на дупка на патот во неговиот град
„Дупко, среќен роденден!“, објави Ахмед Косовац, претставникот на Нашата партија во Советот на општина Ново Сараево.
„Го прославивме третиот роденден на дупката кај ТЦ Грбавица. Граѓаните се обратија поединечно до општината и до градоначалникот, се обидоа и преку Советот на месната заедница, но сега, дупката е таму веќе три години. Можно е градоначалникот и службите да одлучиле да ги научат граѓаните како безбедно да поминат на спротивната лента со автомобили и да не го оштетат автомобилот, а возачите на скутери и мотори како да не паѓаат. Со оглед на тоа што санирањето на дупката не е во план, на крајот на септември побарав од општина Ново Сараево да го прослави роденденот на дупката. Дупко, среќен ти роденден! Со ваква влада, сигурни сме дека секоја година ќе растеш и ќе славиш уште многу родендени“, напиша тој.