Борко не запира,Вардар се засилува пред плеј-офот

Српскиот интернационалец Немања Гојковиќ (31) е новото засилување за „црвено-црните“ и ќе настапува за Вардар најмалку до крајот на сезонава. Тој игра на позиција среден бек и доаѓа од Израел каде настапуваше последните три години, во тимот на Бнеи Херцлија.

Со доаѓањето на Гојковиќ ќе се засили конкуренцијата на бековската позиција во тимот и тренерот Владо Недановски ќе има повеќе играчи за ротација на натпреварите.

Во својата играчка кариера Гојковиќ бил вицешампион на Србија со 2019 и 2020 година со екипата на Металопластика од Шабац. Има настапувано и за екипите на Слога Пожега, Ашерслебен (Германија), Пролетер Зрењанин и Младост Чачак.

Има настапувано и во СЕХА лигата со Металопластика, и во ЕХФ Купот исто така со Металопластика. Најдалеку стигнал со Слога Пожега кога во 2018 година играле во четвртфиналето на Челинџ Купот.

За репрезентацијата на Србија има настапувано на Медитеранските игри во Тарагона во 2018 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.