Божиќ е денот на добрата волја- се слават животот, семејството и љубовта кон Бог: Хумани крушевчани донираа 56 оброци во повеќе семејства

Во Крушево, на иницијатива на професорката Билјана Проеска, во соработка со црквата Пресвета Богородица и младите ентузијасти Стефо Јанкулоски и Кирил Талески, беа зготвени 56 оброци и во чест на големиот празник Божиќ, беа донирани во повеќе крушевски семејства.

“На вакви убави денови, човечки е да се подаде рака. Божик е празник, кога со љубов се чествува името на Бог!
Зготвени 56 оброци и поделени онаму каде што е најпотребно ! Христос се роди, навистина се роди!”, напиша Проеска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.