БИЗАРНИ КАЗНИ:Кој ќе згази полжав – 1.200, а убивање мравка – 40.000 динари

prikazna-veselata-mravka-

Секоја држава во светот има свои правила кои граѓаните слободно ги нарекуваат бизарни. За газење врз полжав ќе платите 1.200 динари во Србија, а во Италија е забрането љубење во автомобил и правење кули од песок.

polzav

Секоја држава во светот има свои правила кои граѓаните слободно ги нарекуваат бизарни.

Казниво во Србија е возење велосипед без раце, како и хранење животни на улица. Па така, 10.000 динари е казната за фрлање храна на гулаби. Ако се возите на велосипед и слушате музика- казната е 3.000 динари.

На листата бизарни, односно бессмилсени прописи се вбројува и Правилникот за утврдување надокнада при забранет лов на строго заштитени диви видови, кој забранува лов и држење во заложништво цела низа животни.

За газење врз полжав ќе платите 1.200 динари, за убивање кртови 100.000 динари, за убивање полско глувче 10.000, за врапче 25.000 динари, за газење шумска смеѓа мравка 40.000, за шумска желка 15.900, а за зелена жаба 1.200 динари.

mecka

За убиство на мечка, волк, видра, дабар, краткоклуна гуска, голем лебед, бел штрк, обична кукавица, орел, шарка, барска желка, еж или гавран- ќе ви истера од џебот од 10.000 до 1.000.000 динари!

Овие закони носат и бенефит за заштита и продолжување на некои загрозени видови, безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, или сигурноста на граѓаните кога околу нив не се шетаат гладни волци.

Постојат и уште по безсмислени прописи, во Италија на пример, каде со закон е забрането љубење во автомобил, како и градење кули од песок на плажа.

pesok




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.