Бектеши: “Цената на cтpyjaта ќе се зголеми до 10%”

Цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто. Оваа информација за Алсат ја кажа министерот за економија Крешник Бектеши за емисијата Економски магазин која ќе се емитува утре во 22 часот. Алсат претходно обајви дека цената на струјата ќе поскапи 9 проценти. Официјалните податоци ќе бидат објавени на девети декември кога ќе се објави понудата на државната ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум која набавува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

„Да бидам искрен, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме. Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните“.

Алсат дознава и дека неизвесно е дали по Нова година граѓаните ќе имаат преку ден евтина тарифа на електричната енергија. За оваа се уште се преговарало. Доколку се укине евтината тарифа тогаш владата планира дополнителни субвениции на ранливите категории на граѓани за подмирување на сметките за струја. Она што е сигурно е дека останува евтината тарифа за време на ноќните часови и во неделата.

Инаку, ЕСМ вчера ги испрати пресметките за трошоците до владата по кои на Илинденска имаа обврска да ја склопат понудата и најдоцна до девети да ја испратат до ЕВН Хоум. Надлежните уверуваат дека 100 отсто од потребната струја на Универзалниот снабдувач за домаќинствата ќе биде обезбедена од ЕСМ.

Осумдесет отсто од струјата ќе биде од домашното производство а останатите 20 отсто ќе се купува од берзите.

Извор: kurir




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.