Банка по грешка на клиент му уплатила 6 милјарди долари

screenshot_1-19

Германската банка “Дојче Банк” по грешка на свој клиент му уплатила 6 милјарди американски долари, пишува Анадолу Агенцијата (АА).

Младиот референт за девизни инвестиции на оваа банка, по грешка уплатил 6 милјарди долари на сметка на свој клиент, внесуваќи грешни податоци. Како што пишуваат германските медиуми, грешката е откриена и исправена веќе следниот ден.

deutsche-bank-post

Инцидентот дури сега е откриен во јавноста иако се случил во јуни оваа година.

Германската банка најави драстични промени во работењето, бидеќи како што велат, сакаат драстично да ги намалат трошоците, да го зголемат профитот и посветат внимание на имиџот.

МАРКУКУЛЕ.МК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.