Жена од Вашингтон завршила во затвор поради кражба на 3 пржени компирчиња од полицаец, пренесуваат медиумите.
“Инцидентот” се случил во пицерија, каде осомничената седнала покрај полицаецот и започнала да разговара со него.
Додека зборувала му зела две компирчиња, а откако била предупредена да престане, таа не го послушала.
На крај жената е уапсена поради кражба на помфрит или како што е наведено во извештајот на полицијата “кражба на сопственост”.