На Европскиот поетски фестивал во Нови Сад актерот Игор Трпчески се здоби со престижно признание. Меѓу 500 автори од 19 земји, жирито го прогласи за победник. Награден е за песната “Духот на тишината”, која според еминентни и истакнати творци содржи игривост и духовитост. Тие оценија дека македонскиот претставник е најквалитетен автор и рецитатор.
„Европскиот фејсбук поетски фестивал ги собира на едно место сите поети кои ги презентираат на фејсбук своите дела со цел виртуелната поетска комуникација да ја претворат во реална и поетите да се сретнат во Нови Сад“ посочи Трпчески.
Актерот пишува поезија од деведесетите години, додека бил студент на ФДУ. Поезија е единствената авторска книга објавено во 2007 година во рамките на проектот Прилеп град на културата. Тој е дел од Поетри слем натпреварот, кој годинава треба да се одржи во средината на јуни. Во тек е подготовката на новата збирка поезија, а наскоро ќе снима и песни на носач на звук.