Шпанецот Рафаел Надал од понеделник 2 април ќе биде прв тенисер во светот, а два месеци нема одиграно ниту еден меч.
Надал сепак после подолга пауза наредниот викенд ќе се врати на теренот и тоа во дресот на Шпанија.
Рафа на големо изненадување на јавноста во Шпанија ја донел оваа одлука и ќе се обиде преку настап во Дејвис купот против Германија во Валенсија да ја пронајде својата најдобра форма.
Надал ниту еднаш не говореше на тема играње за “црвената фурија” во 2018, па релиси никој не очекуваше дека откако ќе се опорави од повредата ќе настапи токму прво за Шпанија.
Со Надал, за Шпанија ќе играат двајца ветерани Давид Ферер и Фелисијано Лопез, но и Пабло Каренјо Буста и Роберто Баутиста Агуз.
Надал најави дека ќе игра и во Монте Карло, Рим и секако, Ролан Гарос.