Фото: Гол.мк
Победа попладнево стигна до четвртиот триумф сезонава. Во Струмица победашите ја поразија екипата на Горан Пандев со 0:1. Стрелец на голот кој значеше три бода беше Мирослав Станиќ во 45-та минута од натпреварот.
Ако со помалите екипи им недостига среќа и често се прикажуваат во бледо издание, за фаворитите како Вардар, Академија Пандев, Шкендија, победашите се смртна закана.
Со овој триумф Победа се наоѓа на 8-то место на табелата и има исто бодови со седмопласираниот Пелистер и само бод помалку од Работнички кој е на шестата позиција.
Во наредното 15-то коло Победа му гостува на “Романтичарите”.