ФОТО:”Кукасти крстови и на Участакот! Не знаеме чиј затвор бил со Бугарскиот договор, тоа го знаат дабничани?!”

Откако вчера осамнаа на споменикот на Крал Марко, денеска кукасти крстови исцртани и на прилепскиот Участок.

Два дена по ред некој го уништува културното наследство во Прилеп и изиграва нацист.

Во последно време зачестија ваквите појави на уништување на спомениците на културата во градот под Марковите Кули, а сторител не е откриен ниту за скршеното копје на споменикот од Александар Македонски.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.