Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија со голема брзина и ефикасна акција непосредно по разбојништвото во аптека во Белград, уапсиле четири лица, од кои две девојки, поради сомневање дека го извршиле ова кривично дело.
Постои сомневање дека во јануари и февруари оваа година, во закана со нож и сатар, извршиле уште пет разбојништва на територијата на Вождовац, Палилула, Звездар и Обреновац.