Список на зборови кои кралското семејство никако не смее да ги користи

Познато е дека членовите на кралското семејство не живеат како обичните луѓе.

Покрај луксузот кој ги опкружува, тие имаат и посебен речник односно имаат зборови кои им се забранети да ги изговорат

Социјалниот антрополог Кејт Фокс за „Мирор“ го објаснува вокабуларот на кралското семејство и открива кои зборови не им е дозволено да ги користат.

Пардон

Пардон би требало да биде најпристојниот начин на кој некому му давате до знаење дека не сте го слушнале, но се утврдило дека тоа не е така. Наместо тоа треба да се каже „Извинете?“ или „Извинете, што?“. или пак едноставно може да се правите дека сте слушнале, да климнете со глава и да се насмевнете.

Тоалет

Иако тоалет е попристојна верзија од ВЦ, овој збор кралското семејство го избегнува наводно затоа што е од француско потекло.

Парфем

Ако некого сакате да го пофалите како мириса, наместо парфем треба да кажете „Ми се допаѓа вашиот мирис.“

Салон

Бакингемската палата има многу соби, но ниту една од нив не е салон или дневна соба. Наместо тоа се користи соба за прием или соба за седење.

Отмен

Правилото на отменост е никогаш себеси да не се нарекувате така. Наместо тоа, се користи зборот паметен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.