Полициската станица Прилеп до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 23-годишниот К.П. и 24-годишниот А.М. , двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 8 април 2018 година на улицата „Архиепископ Доситеј“ во Прилеп пријавените со палка нападнале две лица од Прилеп, при што им нанеле повреди на главата, грбот и рацете. Оштетените биле префрлени во Општата болница Прилеп.