Прасе од 200 килограми, на друг ражен јагниња, столици украсени како во хотел со пет ѕвезди, луксуз, и песни и ора и чочек.
Оваа луксузна свадба за која пишуваат сите српски медиуми се случи во Лескоец, во семејството на Предраг Пеки Бајрамовиќ, угледен трговец кој го женел единствениот син.
На сите трубачи им лепеле по 50 евра, велат не сакаат пари од гостите, туку луда забава за која се спремале две години.
Само за тоалетите и носиите на семејството се дадени по 1.000 евра.