Србија подготвува мерки ако официјално Скопје ја поддржи Приштина во меѓународните институции. Можна е и промена на одлуката за признавање на името на државата, пишува „Новости“
Србија ќе се одлучи на радикални потези доколку Зоран Заев ги исполни „заканите“ дека ќе гласа за членство на Косово во Унеско, дознава српски „Новости“.
Според информациите на тој весник, Белград внимателно ќе ги следи потезите на Македонија и изјаснувањето по однос на приемот на Приштина во меѓународните институции, и во врска со тоа како Македонија ќе се постави по однос на стратешките интереси на Србија.
Властите во Приштина ќе имаат прилика да го потегнат прашањето за членство во УНЕСКО дури за две години. Меѓутоа, принципот на реципроцитет во дипломатските и политички односи со Скопје, Белград би можел да ги активира уште во 2018, бидејќи косовските Албанци најавиле дека тогаш повторно ќе се обидат да ги отворат вратите на Интерпол.
Заев пред два дена во Приштина, каде што се сретна со Рамуш Харадинај, со насмевка порача дека „Косово може да смета на поддршката на Македонија во сите процеси“.
Таа изјава на Заев следи по неполн месец откако на државниот врв во Белград им вети дека Србија во Македонија има искрен пријател.
Шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, потезите на Заев ги оцени како уште еден доказ на лицемерие на македонскиот премиер и политиата на власт во Скопје, и порача дека Србија ќе знае да одговори на тие пораки.
Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин пак рекол дека се остварило тоа што претседателот на Србија Александар Вучиќ го тврдел пред неколку месеци – дека Заев нема да остане на кажаниот збор.
Извор: infomax.mk